Аврамчев: Најтешко е од старото да направите ново, но ние ќе ја разубавиме Универзална сала

You must need to login..!

Опис

Веќе пет години на сцената на Универзална сала не настапил никој, ниту пак се слушнал аплауз од публика. Неколкуте обиди Универзална да се реконстуира паѓаа во вода, се до сега, кога конечно може да се каже дека почнаа сериозни активности за реконструкција на оваа сала која е од непроценлива вредност за скопјани. За тоа како ќе изгледа салата и кога ќе почне да се реконструира денеска во Утрински брифинг зборуваше директорот Филип Аврамчев.

-Универзална сала за многу брзо време ќе почне да се реконструира. Салата ќе го задржи постоечкиот изглед, односно нема да има големи измени ниту во внатрешниот ниту во надворешниот дел. Со реновирањето ќе биде променет кровот, фасадата. столчињата, тоалетите, подот, бината и сцената, рече денеска во Утрински брифинг директорот на Универзална сала, Филип Аврамчев. Тој нагласи дека идејата да се сруши Универзална нема да се реализира поради негативните реакции на јавноста.

-Пет години Универзална сала не функционира. Цело време се бараа решенија за нов објект. Претходните идејни решенија беа реконструкција на Универзална сала што значеше нејзино рушење и градење на нова сала, во сличен или различен формат. Има веќе три постоечки проекти но ниту еден не е соодветен за постоечката локација. Разговаравме и одлучивме дека е најдобро Универзална да остане иста каква што е, само реновирана. Дополнително ќе се направи и нова сала на друга локација, рече Аврамчев. За реновирањето на Универзална сала се издвоени 2 милиони евра.

-Правиме домаќински напори со овие пари да го реализираме проектот за обнова на салата. Претходните идејни решенија беа чиние многу повече, фамозното јајце достигна цена и до 50 илјади евра. Најтешко е од старото да направите ново, но ќе дадеме се од себе оваа сала да биде функционална. Можно е да се намали капацитетот на салата, со цел да биде покомотно седењето, така што од сегашните 1.500 да ги редуцираме на 1.300 седишта, рече Аврамчев.

Тој најави дека на 13 ноември 2021 година Универзална ќе ги прими првите посетители. Зимскиов период ќе ги завршиме правните процедури и постапки и ќе очекуваме да добиеме технички одобренија за градба. Потоа следува завршување на тендерските постапки. Се надевам дека на пролет ќе почнеме со градежни активности. Моите очекувања се дека на 13 ноември ако заврши Ковид пандемијата, Универзалната да ги прими првите посетители, најави Аврамчев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen + fifteen =