Аврамоска Нушева: Не само во време на кампања, туку секој ден треба да се зборува против насилството врз жените

You must need to login..!

Опис

Денеска, на Меѓународниот ден на човековите права заврши кампањата „16 дена активизам против насилството врз жените и девојчињата“ во која беа вклуччени државни институции, невладиниот сектор и странски организации и дипломатски преставништва. Ана Аврамоска Нушева од организацијата „Глас против насилство“ истакнува дека оваа кампања се одржува првенствено за подигнување на свеста и родово сензитивирање на сите професионалци и за рамноправна вклученост на жените во сите сфери на општеството.

„Заврши кампањата, но против насилството врз жените и штетните обичаи кои владеат во нашето општество треба да се зборува секојдневно. И во петтиот годишен извештај за состојбата со женските права во Западен Балкан издаден од шведската фондација „Квина тил Квина“ се истакнува дека земјава ја ратификуваше Истанбулската конвенција во 2017 година, а во октомври истата година владата усвои Акциски план кој е еден сеопфатен документ кој ги опфаќа сите сфери во општеството за елиминирање, односно против насилството врз жените и девојчиња. Тоа што нас како организација не’ загрижува е тоа што нема финансиски импликации за тоа како ќе се спроведуваат активностите во надлежните инстиуции за успешна имплементација на Конвенцијата.

Имено, секаде каде што имаме буџетски средства, се зборува како за средства од меѓународни тела или донори. Согласно она што е запишано во Истанбулската конвенција, ние имаме зголемување на бројот на центри на згрижување на жени, жртви на семејно насилство – вкупно 11, од кои 8 се со подолготрајно згрижување, додека три се кризни центри“, рече за Утрински брифинг Ана Аврамоска Нушева од организацијата „Глас против насилство“.

Таа додаде дека се пролонгираше донесувањето на Законот за заштита и спречување на насилство врз жени и семејно насилство а е еден од клучните закони за успешна имплементација на Конвецијата, односно пружање на директна помош и поддршка на жените жртви на насилство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 + 20 =