Аврамовски од „Сите за правично судење“: Не може да се исклучи постењето на корупција кога застаруваат предметите

You must need to login..!

Опис

-Веќе имавме повеќе случаи каде што застареа казните за дел од обвинетите. Овие рокови за застареност течат во сите предмети, и било кој од предметите може да застари доколку се пролонгира постапката. Гледаме предмети кои повеќе години се во првостепена постапка, изјави за Утрински брифинг Дарко Аврамовски од Коалиција „Сите за правично судење“.

-Од оваа перспектива многу тешко е да се каже дали би можела да настапи застареност и во кои предмети, меѓутоа факт е дека како хипотетичка можност останува да биде реална можност.

-Постојат повеќе фактори кои вилјаат врз застарувањето на делата.

-Од една страна имаме доцнење од страна на органите на прогонот. Постои пролонгирање на постапката поради непостапување во истражната фаза, заради некоординација меѓу службите.

-Многу често има одлагање во предметите, вели Аврамовски.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

20 − five =