Аваја: Очекуваме пописот да покаже дека во Македонија живеат 4 посто Роми

You must need to login..!

Опис

Неколку инциденти поврзани со попишувањето на ромското население ставаат сенка врз пописот. Инцидентите се однесуваат на непопишување на Роми како Роми, како и на правење притисок да се попишуваат како друга националност. Ова денеска во Утрински брифинг го истакна Денис Селмани од здружението Аваја.

– Јасно е дека станува збор за манипулација на дел од ромското население. Тоа е поддржано од индивидуални групи кои доаѓаат од останатите етнички групи. По првиот инцидент во Велес, случајот со повтори и во Струмица. Таму, заедно со попишувачот во домовите влегуваат и останати лица со турски знамиња, и на тој начин вршат притисок врз населението да се попише како Турци. За тој случај немаме никаков одговор ниту разрешница. Додека за случајот во Велес, веднаш беше разрешен попишувачот кој несоодветно си ја работеше работата. Сепак, овој инцидент отвори многу прашања, дали овој попишувач истото го направил и во други ромски семејства, дали и останати роми сега како последица на неговото однесување не се попишани како роми, вели Денис Селмани од Аваја.

За да се подигне свеста кај Ромите, да се попишат како Роми, здружението Аваја спроведува кампања Биди горд Ром“ во која млади роми од различни делови од државава ги повикуваат да не се срамат од своето ромско потекло.

– Ние направивме претходно мапирање на ромските населби и се обидовме да дознаеме колку роми живеат во тие населби, како и на национално ниво. Апелираме да престанат притисоците врз ромите бидејќи ќе бидеме приморани да не ги признаеме бројките од пописот. Нашите очекувања се дека во Македонија има четири проценти ромско население, односно околу 100.000 Роми. Со оглед на тоа што ја имаме стратегијата за Роми, од огромно значење ќе биде пописот да го покаже реалниот број на Роми кои живеат во Македонија. На тој начин  државата ќе може да креира политики кои се засноваат на докази, вели Селмани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × 3 =