Абдурахмани: Со Закон сме покриени со сите количини што треба да ги има Агенцијата за стокови резерви – нема простор за паника

You must need to login..!

Опис

Руската воена интервенција Владите дополнително ги стави во погон да се домобилизираат безбедносно во очекување на бегалски бран, економски и енергетски, како што полесно да го дочекаат домино ефектот од оваа украинска воена криза. С Македонија исто така се соочува со овој предизвик, бидејќи во услови на големо нарушување на пазарот до израз во државата доаѓа Агенцијата за државни стокови резерви.

Агенцијата за стокови резерви е орган на Владата на РС Македонија која работи по среднорочна и годишна програма. Оваа годишна програма ни беше подготвена како и сите други редовни, но бидејќи влегуваме во вонредна состојба и владата има активности секој ден во овој смер и кога ја поминавме годишната програма се разговараше да се состанеме на една тематска седница како ќе постапиме натаму.

-Вчера имав контакти со кабинетот на премиерот и верувам дека ќе се реагира брзо. Кога збориме за ефикасноста ние сме докажале дека сме ефикасни, бидејќи кога беа полпавите во БиХ и Хрватска стоката стаса за 24 часа таму.

-Но мора да имаме предвид ако кризата трае подолго ние за подолг период треба да се подготвуваме.

-Нема места за загриженост на граѓаните, а и вие како новинари треба да играте улога за да не се шири непотребна паника, како што се ширеше минатата година, кога се појави вирусот да се снабдат со намиринци за подолг период. Нема потреба за паника, ние по Закон сме покриени со сите количини што треба да ги има Агенцијата. Уште толкава количина имаме и кај приватните склаишта, што значи дека не сме во кусок, изјави за Утрински брифинг Реси Абдурахмани, директор на Агенцијата за стокови резерви, одговорајќи на прашањето во каква кондиција се стоковите резерви во државата.

Целиот разговор погледнете го видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

eight + 9 =