Абдула: Се гордеам со целата екипа – очекувам КОМА да биде успешен филм

You must need to login..!

Опис

По три краткометражни филмови и 10 освоени награди на меѓународни фестивали, продуцентот и сценарист Бунјамин Куртиши го започнува снимањето на долгометражниот филм „Кома“.

Филмот „Кома“ , во режија на Агим Абдула и во продукција на „Галактика пиктурес“, во категоријата долгометражни играни филмови со мнозински македонски удел – дебитанти, доби највисока сума од Агенцијата за филм, 23 милиони денари (над 370 илјади евра).

Во вторник е првата клапа, а во Утрински брифинг за филмот говореа режисерот Агим Абдула и Шахрам Мокри, кој е консултант од Иран и кој помогна за средување на сценариото.

-Мене ми е вторпат да доаѓам во Скопје и градот ме мотивира и го сакам овој град, вели Мокри.

-Приказната во филмот е за двајца пријателикои се среќаваат по подолго време и се сеќаваат на своите спомени. Едниот доживува несреќа, а другиот се обидува да му помогне. Ова мислам дека е добра приказна и вреди да сними, вели режисерот Агим Абдула.

Тој додава дека нема временско ограничување во филмот, па и снегот е добредојден. Режисерот е презадоволен од актерската екипа и од соработката со продуцент Куртиши.

-Во 2013 година добив една награда во Венеција и тоа ми е многу битно оти така се претставив во светот на филмот Наградите секогаш се добредојдени, но според мене најдобро е да се размислува филмот да биде добар и публиката да го памети, вели Мокри за Утрински брифинг.

Абдула вели дека филмската критика во Македонија е многу еднострана и дека не е доволна за разлика од Иран каде што студирал и каде што филмската критика е многу сериозна и многу редовна.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

two × 4 =